ВИДЕО| Голем пожар во магацин за автомобилски гуми во Сплит

Триесетина пожарникари од Сплит рано утринава гаснеле голем пожар кој избувнал околу 2:40 по полноќ во магацин за автомобилски гуми во месноста Дујмовача, јави Хрватската радио-телевизија (ХРТ).

Пожарот бил локализиран во 6:30 часот утринава.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот кој избувна во магацин за автомобилски гуми. По целосното гаснење на пожарот ќе се изврши увид и ќе следи истрага за случајот.

Според првичните информации, се претпоставува дека материјалната штета ќе биде голема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.