ВИДЕО: Голем удар за мафијашката Н’дрангета – упасени 200 нејзини членови и запленети 50 милиони евра

Речиси 200 членови на калабриската мафијашка групација Н’дрангета биле уапсени во полициска акција, која истовремено била спроведена во Италија и во Германија, јавува „Ројтерс“, пренесува НетПрес.

Според информации на италијанската полиција, со оваа операцијата разбиен е влијателен и многу значаен клан на Н’дрангета. Акцијата заеднички ја спровеле италијанските Карабињери и германската полиција.

Целта бил мафијашкиот клан на семејствата Фарао и Маринкол, кои развиле бизнис мрежа во двете земји. Тие поседувале приватни компании за вино, за храна, за собирање на отпад и за погребални услуги.

„Голем број на државни службеници се осомнилени за корупција“, навела во соопштението до јавноста италијанската полиција, но не прецизирала дали станува збор за осомничени само во Италија или, пак, и во Германија.

За време на операцијата била запленета готовина во износ од околу 50 милиони евра. Се очекува подетални информации да бидат објавени наскоро.

Н’дрангета е моќна и голема италијанска мафијашка мрежа, базирана во јужниот дел од земјата Калабрија.