ВИДЕО: Голема победа на македонски боксер во САД

Нашиот боксер Горјан Славески, воедно и член на Екипа 1060 (ЦПБ) освои убедлива победа на турнирот во Аљаска, САД.

Гого Славески успеа во Америка да покаже колку вреди. Боксерот со кој што требаше да се бори ја откажал борбата и му предложиле да боксува со боксер 16 килограми потежок од него, кој е војник во одлична кондициона форма и кој секојдневно тренира.

-Немав премногу кондиција, па сакав барем малку да покажам од тоа што сме вежбале. Првата рунда ја избоксував енергично, а пдооцна само мислев на луѓето што ме сакаат неизмерно и оставив да ме носи срцето, вели Славески.

Големата победа тој низ солзи ја посвети на неговите другари, неговото семејство и цела држава.

Славески има само 20 години и вели дека со овој спорт започнал да се занимава пред четири години, откако претходно 8 години тренирал фудбал.

-Започнав со мојот другар Живорад Стојановски, кој го забележа талентот во мене па ме прати во неколку клубови каде што не ми даваа да се натпреварувам со толку малку тренинг. По 4 години лажење од најразлични менаџери и тренери за борба се одлучив да дојдам во САД со програмата Work and Travel затоа што во Македонија немав поддршка, вели Славески за Курир.

Тој додава дека до САД отишол сам и ја направил првата деби борба во прифи боксот без ниедна аматерска или било каква борба во Макеоднија и како што потенцира, воедно и направил историја во македонскиот бокс бидејќи е првиот и единствен Македонец што освоил боксеркса титула на тие простори.

Славески вели дека плановите за во иднина не се знаат се уште, бидејќи не му се верува што се случува во моментов, но додава дека ќе ја продолжи својата боксерка каериера во САД, секако под македонското знаме.