ВИДЕО| Големи протести во кинески Ксинџијанг по смртоносен пожар

Ретки протести избувнале во крајно западната кинеска покраина Ксинџијанг каде што толпа се собрала со повици кон стражари во заштитни одела, откако смртоносен пожар предизвикал гнев поради продолженото „затворање“ поради Covid-19, додека бројот на заразените повторно е рекорден, пренесува Reuters.

Толпата извикувала „Крај на карантинот!“ со кренати тупаници, покажуваат видеоснимките кои кружеле по кинеските социјални мрежи во петокот ноќта. Агенцијата Reuters потврдила дека снимките се од Урумчи, главниот рад на Ксинџијанг (Ујгурија).

Видеозаписот покажувал луѓе собрани на плоштадот како ја пеат кинеската национална химна чиј текст е „Станете, вие кои одбивате да бидете робови!“.

Кина големиот регион Ксинџијанг го стави под една од најдолгите „затворања“ во земјата, а на многу од четирите милиони жители на Урумчи им е забрането да ги напуштаат своите домови дури 100 дена. Градските власти последните два дена известија за околу 100 нови случаи Covid-19 дневно.

Во Ксингџијанг живеат 10 милиони Ујгури, припадници на туркофонсото муслиманско населени, кои редовно се вбројуваат во критиките на Западот предводен од САД за состојбата на човековите права во Кина. Официјален Пекинг на обвинувањата за присилна работа и интернирање во логори на припадниците на оваа етничко-верска заедница вели дека станува збор за процес на интеграција во кинеското општество и обука, но посочува дека многу од нив кои се осуден, па и на смртни казни, изминатите години изведуваа терористички напади со исламистичка заднина ширум Кина.

Протестите во Урумчи следеле по пожар во тамошна повеќекатница во кој во четвртокот вечерта загинале десет луѓе. Властите соопштија дека станарите од зградата успеале да се симнат во приземјето, но видеоснимките од напорите на екипите за итна помош, кои кружеле на кинеските социјални мрежи, ги навеле многу корисници на интернет да претпостават дека станарите не можеле да побегнат навреме бидејќи зградата била делумно заклучена, пренесува Reuters.

Градските власти на Урумчи ненајавено во саботата утрото одржаа прес-конференција, негирајќи дека мерките поради Covid-19 го отежнале бегството и спасувањето, и соопштија дека инцидентот дополнително ќе биде истражуван.

 

„Обвинете ја жртвата“

Дали Јанг, политиколог од американскиот Универзитет Чикаго, изјавил за Reuters дека таквиот став ќе ја „обвини жртвата“ уште повеќе ќе го разлути луѓето и дека „довербата на јавноста ќе се урне“.

Корисници на кинеската интернет платформа Weibo инцидентот го опишале како трагедија којашто произлегла од инсистеирањето на кинеските власти на политиката „нулта стапка на зараза со коронавирусот“, како и дека тоа може да му се случи секому.

„Не постои ли нешто за што можеме да размислиме за да направиме некои промени“, се говори во есејот кој во петокот станал вирален на мрежата WeChat, ставајќи ја под прашање официјалната вест за пожарот во стан во Урумчи.

 

Нови рекордни бројки

Кина ја брани политиката на нултата стапка на Covid-19 на претседателот Кси Џинпинг, како неопходна за да се спречи преоптоварувањето на здравствениот систем. Властите се решителни за тоа да продолжат со оваа практика, и покрај сѐ поголемото противење на јавноста и сѐ потешкиот удар за втората најголема светска економија, на што реагираат главно западните земји чии компании имаат во Кина бројни фабрики со евтина работна сила.

Иако Кина неодамна ги прилагоди своите мерки, со скратување на „затворањето“ и преземање други насочени мерки, тоа во комбинација со растот на бројот на заразените предизвика неизвесност во големите градови, вклучително и престолнината Пекинг, каде што многу жители затворени се затворени во домовите.

Кина регистрираше 34.909 нови локални случаи на заразата, што е ниско ниво според глобалните стандарди, но е трет дневен рекорд со ред, со зараза која што се проширила на многу градови, а што доведе до широки карантини и други ограничувања на движењето и работењето.

Шангај, најголемиот кинески мегалополис и финансиски центар, во саботата ги заостри барањата за тестирање за влез во институциите како што се музеите и библиотеките, барајќи граѓаните да покажат негативен тест на Covid-19 во рок од 48 часа, што е помалку од претходните 72 часа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.