(ВИДЕО) Големи протетси во Варшава поради забраната за абортус

Жителите на Полска протестираа денеска во Варшава против одлуката на тамошниот суд за натамошно ограничување на правото на абортус. Откако е донесена одлуката, започнаа протести низ цела Полска.

„Подготвени сме да се бориме до крај“, рече Марта Лемпарт, една од основачите на движењето „Женски штрајк“, пред новинарите.

„Доста ни беше!“, „Моето тело, мој избор!“ било напишано на транспарентите што ги носеле демонстрантите, главно млади луѓе, извикувајќи пароли против владата, често зачинети со пцовки.