ВИДЕО: Големиот пожар ја проголта Богородичната црква, моментот на урнисување

Видео кое со болка ќе го гледате: Голем пожар ја проголта Богородичната црква, моментот на урнисување

Врвот на кулата на катедралата Нотр Дам во Париз се урна во голем пожар кој избувна околу 18 и 50 часот.

На социјалните мрежи е објавено видео од моментот на уривање на кулата која со години била во лоша состојба поради што е почната реконструкција која требала да заврши во 2022 година.

https://twitter.com/UnstanningIrwin/status/1117854036907028480

Причината за пожарот сè уште не е позната.

Катедралата Нотр Дам е една од најпознатите во светот, а годишно ја посетуваат околу милион луѓе. Нејзиното реновирање стартувало кога почнале да се појавуваат пукнатини во градбата и се стравувало дека структурата може да стане нестабилна и опасна за луѓето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.