(ВИДЕО) Големо невреме го зафати Берово, дождот носеше сѐ пред себе, откорнати дрва

338

Големо невреме го зафати попладнево Берово.

Истото беше проследено со силен пороен дожд и град во времетраење од 20-тина минути.

Пред основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во центарот на градот падна и дрво среде патот и сообраќајот се одвива отежнато.

Инаку пред два часа истото невреме го зафати и Скопје, по што беа поплавени повеќе скопски булевари, улици и коловози.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.