(ВИДЕО) Голот на Ибраими го носи Тотенхем во Скопје

Бесарт Ибраими повторно потврди дека е фудбалски велемајстор, а голот со лоб што го постигна во третата минута против Ботошани ќе конкурира за најубав во четвртфиналната квалификациска рунда за настап во Европа Лигата.

И донесе многу радост за Шкендија и спектакуларен нов меч во филтер рундата за настап во фаза по групи во Европа Лигата.

Во Скопје на националната арена „Тодор Проески“ на 24. септември ќе гостува англискиот гигант Тотенхем предводен од Жозе Мурињо, а повторно се игра еден меч за пласман во финалето од квалификациите за ЛЕ.

Тотенхем со многу мака победи во Пловдив против Локомотив со 2:1, па Шкендија не е без шанси, иако е јасно дека англичаните се фаворити.