(ВИДЕО) Гори зграда во Мумбаи, можно е да има заробени луѓе

21

Во трговска зграда во центарот на Мумбаи изби голем пожар, но се уште нема официјални информации за евентуални жртви. Се претпоставува дека внатре има заробени луѓе.

Последните катови од зградата, осмиот и деветиот, се во пламен, но огнот не ги зафати соседните згради.
Градската противпожарна служба направи безбедносен кордон, а на терен се наоѓаат 16 противпожарни возила и 9 цистерни за вода.

Не е позната причината за пожарот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.