(ВИДЕО) Граѓаните на Тирана аплаудираат за здравствените работници

33

Граѓаните на Тирана се приклучија кон иницијативата секојдневно во јавен тв-пренос од своите балкони 15 минути да аплаудираат за сите лекари и медицински сестри кои се справуваат со заразата со новиот коронавирус.

Граѓаните, кои следејќи ги препораките на превентивните мерки за спречување на ширење на инфекцијата со Ковид-19, остануваат во своите домови, на тој начин им се заблагодаруваат на лекарите и медицинските сестри за нивните напори низ цела Европа, јавува АТА.

Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави оваа иницијатива за телевизиско емитување, повикувајќи ги сите семејства во Тирана и низ целата земја да ги пречекаат своите сестри и лекари кои се борат со коронавирусот од нивните балкони во 17:30 часот.

Во оваа земја бројот се зарaзените од коронавирусот е 38 лица од нив 22 се во Тирана. Еден од досега дијагностицираните, 73-годишна жена од Драч веќе почина, а во тешка здравствена состојба се уште две лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.