(ВИДЕО) Грабеж на НЛБ Банка во Чаир

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во близина на зградата на општина Чаир се случил грабеж, по што интервенирала полицијата, пренесува телевизијата ТВ21.

Засега нема други поединости, поради тоа што инцидентот се одиграл пред многу кусо време. Од снимката може да се види дека на местото на настанот пристигнале полициски службици и оти во тек е увидот.