Македонија

Апасиев во „само вистина“ на канал5 (Видео) Граѓаните останаа единствени чувари на уставноста

(Видео) Граѓаните останаа единствени чувари на уставноста

Правната држава е погребана и останува само граѓаните, бидејќи немаат чувари на Уставот, сами да се зачуваат, односно самите да се спротивстават на овој налудничав план за самоукинување на уставното име на државата, кое што еднаш патем речено е изгласано плебисцитарно и кое може да се измени само на друг референдум и никако поинаку, ниту со собраниска одлука или со било каква друга одлука, рече универзитетскиот професор Димитар Апасиев во вчерашното  гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизија „Канал 5.“

„Противник“ во жестоката дебата беше судијката Маргарета Цаца- Николовска, која не сакаше да се изјасни за одлуката на Уставниот суд за референдумот, бидејќи не ја видела.

Апасиев додаде дека Собранието нема надлежност да го менува уставното име на државата како и дека Уставниот суд има надлежност да ја утврдува уставноста не само Уставот туку и на законите.

 Јас искрено не оќекував повеќе, знаејќи ги судиите, тие луѓе се ставани по партиска линија и донесоа и таква политичка одлука. Се срамев што присуствував таму, како да бевме на митинг на СДСМ, а не на седница на Уставен суд.  Одлука на референдум е подзаконски општ правен акт тоа значи дека Уставниот суд не може да рече ме интересира само Уставот, тој мора да гледа дали одлуката е законита односно во согласност и со законот и со Уставот, рече Апасиев.

исечок „Само вистина“ 19.09.2018

Маргарита Цаца Николовска и Димитар Апасиев во #СамоВистина Бројот на прашања не е спорен, најважно е дали прашањето е јасно, суштинско и дали граѓаните можат да го разберат. Не можам да ја коментирам одлуката на Уставниот суд бидејќи не сум ја видела, тогаш ќе може повеќе да се дискутира. Што се однесува до прашањето, јас не сакам да го спомнувам Законот за референдум, затоа што има одредени проблеми врзани за Уставот. Би сакала овој проблем да го истретирам од уставна правна гледна точка,рече судијката Цаца Николовска.Денес е погребана правната државаи останува граѓаните сами да го чуваат Уставот и да се спротивстават на самоукинувањето. Јас искрено не оќекував повеќе, знаејќи ги судиите, тие луѓе се ставани по партиска линија и донесоа и таква политичка одлука.Се срамев што присуствував таму, како да бевме на митинг на СДСМ, а не на седница на Уставен суд, рече Апасиев.Повеќе детали околуодлуката на Уставниот суд по иницијативата да се преиспита одлуката на Собранието за референдумот, како и околу Договорот со Грцијапоглденете во најновото издание на „Само вистина" ► https://youtu.be/flslqYDaEJw

Posted by Канал 5 Телевизија on Среда, 19 септември 2018