(ВИДЕО) Грета: Вие сте голем и посветен лидер; Заев: Дури и го сменив името на државата!

3459

Зоран Заев стана мета на нов меѓународен блам овој пат на пранкери кои се преставија како активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко. Имено тие во телефонски разговор со Заев разговараат за повеќе теми.

Точниот период не е познат, но се претпоставува дека пранкот е од месец ноември минатата година кога и самата влада и советникот на Заев Забарчанец театрално се пофали дека бил спречен хибриден напад.

-Сопрен е Хибриден напад кон владата од пранкери, соопшти Забарчанец. Очигледно не ја говореле вистината бидејќи од разговорот кој е објавен се гледа дека Заев за време на целиот разговор нема пиметено дека е жртва на пранкерски напад.

Од разговорот се гледа дека Заев го напаѓа Францускиот претседател Макрон за кого се согласува дека е ужасен човек и дели совет дека мора да е поодговорен. Тој ветува дека ќе затвори аеродроми поради барањето на божемната Грета дека така ќе се сопре загадувањето, а потоа вели дека ќе дозволи нејзиниот татко да пуши марихуана во Скопје. Тој вели дека е добар предогот на мигрантите да им се даде вдомување и работа во земјава, иако тие ги реферирале западните земји зошто тука не се живееело добро. Во продолжение интегралниот превод од објавеното видео.

Интегрален текст 2

Во разговорот со пранкерите за кои Заев смета дека се Грета Тунберг активистка за заштита за климатските права и нејзиниот татко, изјавува дека е подготвен да им даде работа на мигрантите. На фалбите од Тунберг дека бил голем лидер посветн на земјата, Заев вели дека го сменил името.

Дел од разговорот.

Грета Тунберг: Да, и ми кажа дека сте голем лидер посветен на земјата, обврзан кон иднината.

Зоран Заев: Фала Грета. Подоцна други го сменивме и името, официјалното име на земјата затоа што сакаме да градиме пријателство, да бидеме модерна земја и сега станавме Република Северна Македонија.

Грета Тунберг: Би сакала да дојдам и да направам протест за климатските промени во Скопје и да бидеме од корист за вас.

Грета Тунберг: Мислам дека Северна Македонија е одлична земја за мигранти. Ќе биде одличен пример за Европа и вашата посветеност кон Европската Унија и вашата посветеност кон хуманизацијата.

Зоран Заев: Да, ние работиме заедно со Европската Комисија. Хуманите аспекти на она што се случува тука е едно од важните……од нашата земја. Тие не се многу заинтересирани да останат тука зошто имаме помали економски стандарди во споредба со западните стандарди во Европа, но менаџираме заедно. Хуманиот третман е многу важен. Бидејќи миграцијата не се случува само од Сирија туку и од Авганистан од некои афрички држави.

Грета Тунберг: Да, а на мигрантите им треба вдомување, референси да се вработат во твојата земја и ние ќе те поддржиме на меѓународно ниво.

Зоран Заев: Многу добро, многу добро. Многу добро. Грета голема чест ми е што зборував со тебе. И ќе ни биде големо задоволство и ќе сме среќни со твојата посета на државава, тука во Северна Македонија.

https://twitter.com/BaceTrajche/status/1280943772206063616?s=19&fbclid=IwAR0woJD7heujY6SZfH3BQbYwWqASmYFVpO0Bf-nQDBawnV0rY6I1pWnop5I

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.