
Дел од питоресктните гробобиша во северозапанда Италија се одронил и паднал во морето, откако е активирало свлечиште, пренесуваат во вторникот локалните медиуми.
„Потрагата по човечките останки по оваа несреќе и натаму трае“, изјвил за весникот La Stampa Франческо Оливари, градоначалникот на крајбрежното гратче Камољи, крај Џенова, во регионот Лигурија.
Пожарникарите, крајбрежната стража и другите служби за итни случаи се на теренот и пребаруваат во морето, по несреќата која се случила во понеделникот доцна попладнето.
Италијанската новинска агенција Ansa извести дека жителите се шокирани од ковчезите кои плутаат во морото по одронот на почвата. Работниците на гробиштата доцна попладнето слушнале гласна бука, откако се откачил дел од надворешниот ѕид и голем дел од почвата.
Според локалните медиуми, во морето паднале до 200 ковчези и делови од гробници. Во инцидентот нема настрадани и не постои опасност за околните градби.
Разликата во нивоата меѓу површината на водата и работ на карпата се проценува на неколку десетици метри. Уривањето, како што наведуваат властите во ова гратче во близина на Џенова популарно туристичко место, веројатно е предизвикано поради обилните дождови.
Crollo Camogli, prosegue il recupero delle bare. Sopralluogo dell’assessore Giampedrone https://t.co/MSCf4RQ6m2 pic.twitter.com/ep9AzwgwwZ
— Genova Today (@genovatoday) February 23, 2021
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.