9.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

(ВИДЕО) Грозданов: Заев и Димитров им ја нуделе Комерцијална банка на Бугарите

Утрово, гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше гостин медиумскиот експерт Виктор Грозданов со кој се разговараше на повеќе теми. Тој изнесе ексклузивна информација дека Заев и Димитров ја нуделе Комерцијална Банка на Бугарите.

„Нашата влада на чело со Заев и Димитров мислеа дека ќе отидат во Бугарија и дека ќе поминат тука така“, започна Грозданов.

Рече дека Бугарија имала високки барања од нашата Влада, а дека тие биле спремни во голем дел да ги прифатат.

„Тие имаат таму ветено нешто што не можат да го исполнат. Јас ова го знаев уште во 2019 година. Они (мислејќи на нашата Влада), ја нуделе Комерцијална банка да биде банка на Бугарите. Тука е раздорот“, вели Грозданов.

Рече дека станува збор за навистина сериозни информации.

„Информациите се повеќе од сериозни. Можам да замислам што му се случило на Хари Костов кога дознал што нуделе тие“, кажа Грозданов.

Додаде дека Владата нудела и дел од Македонски Телеком на Бугарија, а и други медиуми.

„Во Македонија имаше бугарска инвестиција во ТВ1“, вели Грозданов.

Тој завршува дека ако Бугарите ја земат Комерцијална Банка, која е најголема банка во Бугарија, тие ја земала Македонија, знаејќи дека Комерцијална Банка е најголема банка во Македонија.