(Видео) Груевски во Малта разговараше со лидерите на ЕУ и премиерите на водечките земји од ЕУ

За време на конгресот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари билатерални средби и разговори со лидерите на Европската Унија и премиерите на водечките земји од ЕУ.

За два дена, тој се сретна со претседателот на Сoвет на Европа Доналд Туск, како и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани. Оствари средба и со претседателот на ЕПП Жозеф Дол, со германската канцеларка Ангела Меркел, со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, со домаќинот на ЕПП во Малта и претседател на националната партија на Малта Симон Бустил, со Јанез Јанша од Словенија, со германскиот федерален министер Кристијан Шмит, со  претседателот на Форца Италија Силвио Берлускони, како и со повеќе европратеници и политички лидери.

sredbiii640

Плодните и корисни средби кои ги оствари лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а за кои пренесоа медиумите, се директен демант на критиките на опозицијата за наводната изолираност.

Во недостиг на квалитетни идеи и суштинска желба за дебата, СДСМ се обиде да го сврти вниманието на јавноста од прифаќањето на скандалозната тиранска платформа со која се редефинира државата, па манипулираше со патувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Бранко Героски и Плусинфо доживejaa целосна бламажа и крах. Практично со денови ја развиваат тезата дека Груевски е изолиран, а тоа пропадна како меур сапуница кога Груески за два дена се сретна со врвот на ЕУ и со повеќе премиери на држави.

На крајот, вистинската бламажа ја доживеаја кога објавија фотографија со манипулација дека се работи за семејна фотографија на Самитот на ЕПП, на која го нема Груевски.

pljus

Вистината е дека не се работи за таков вид на фотографија, а освен Груевски на фотографијата на Плусинфо го нема ниту премиерот на Унгарија Виктор Орбан, генералниот секретар на ЕПП Истурих, премиерот на Шпанија Маријано Рахој, автрискиот МНР Себастијан Курц и многу други.

gruevski

Вистинската Фамилијарна фотографија се направи веднаш по завршувањето на Конгресот, а на нејзе е присутен Никола Груевски, веднаш до претседателот на Европската комисија, Жан Клод- Јункер.  На нејзе се присутни и Жозеф Дол, Доналд Туск, Ангела Меркел и сите останати европски лидери од Европската народна партија.

Заедно со партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ сум присутен во Малта пред се поради Конгресот на Европската Народна партија каде сме асоцијативни членки, но и поради билатерални средби со многумина политичари пред почетокот на работа на Конгресот, но и за време на конгресот, и веројатно ќе има средби до крајот и завршувањето на Конгресот. Се обидуваме секаде каде можеме да лобираме за Република Македонија за државните и национални интереси. Многу е значајно кога ќе им се каже од прва рака на присутните она што е важно за Република Македонија и за нејзината иднина, напредок, евроатланските интеграции и интереси. Истовремено информираме за се она што се случи во Република Македонија на политички план и се она со што народот, граѓаните на Република Македонија се соочуваат во овој период. Има луѓе кои не се запознати со случувањата и потребно е некој да ги информира и објасни. Нашето присуство е важно за лобирање за стратешките интереси на државата, но и за актуелната политичка ситуација, изјави Груевски од Малта.

sredbiii

Покрај следењето на Конгресот и интересните дебати кои што беа овде во Малта беше интересно што имавме можност да се видиме со повеќе политичари од Европа, со луѓе со кои што е добро да се зборува за Македонија, за стратешките интереси на државата, за нашите интеграции, како и за домашните политички случувања во кој сме донесени поради се она што СДСМ го направи во изминатиот период. Ова беше добра можност да се образложат состојбите, да се дадат точни информации и да се побара понатаму поддршка за Македонија за излез од кризата. Ова беше разговарано на повеќето средби вклучувајќи ја и онаа со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, за мигрантската криза и секако за сите други значајни работи за Република Македонија, потенцираше Груевски.

Во обраќањата пред Kонгресот на ЕПП каде присуствуваат шефови на влади и држави, меѓу кои челниците на Европската Унија, германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Маријано Рахој и други европски политичари, премиерот на Унгарија Виктор Орбан испрати порака дека потребна е стабилност на Балканот и во Македонија, а таа не е можна без Груевски, и прати порача дека излезот се брзи избори што преставува стратешки интерес на Унијата.

Ако милиони мигранти почнат да маршираат на Балканот повторно невозможно е да се одржи стабилност. Македонија не може да биде стабилна без партијата на Груевски. Стабилноста на Балканот бара нови избори во Македонија што е можно побрзо. Ја поздравувам резолуцијата за понатамошно проширување на Европската Унија, и клучно е за стабилноста започнување на преговори со Македонија, изјави Орбан.

Порака на подршка во име на Европската Народна партија испрати и словечекиот лидер Јанез Јанша.

Како семејство на Европски народни партии секогаш ќе продолжиме да ги подржуваме нашите сестрински партии во Европа и непомагајќи им на левицичарите да ги уништуваат некогаш со селективна правда, со парите на СОРОС ризикувајќи ја стабилноста во целиот регион како што тоа сега се случува во Македонија” изјави Јанша пред европските лидери и раководството на Европската Народна Партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.