Три месеци откако со Аргентина ја освои титулата светски шампион, Лионел Меси во татковината буквално не може да излезе на вечера во ресторан, а да не се случи хаос.
Таква беше ситуацијата и вчеравечер во Буенос Аирес.
Меси е дома поради два пријателски натпревари со репрезентацијата. Аргентина во четврток игра против Панама, а пет ден подоцна против Курасао.
Официјално најдобриот играч во светот бил на вечера во ресторан, каде пристигнал без многу гужва и галама, трудејќи се да остане незабележлив. Но, набрзо пред ресторан настанал вистински хаос. Голем број обожаватели се собрале и го чекале да излезе.
Навивачите и обожаватели го чекале фудбалерот два часа пред ресторанот, а за тоа време пееле навивачки песни и го скандирале неговото име.
"Don Julio":
Por la presencia de Lionel Messi en ese restaurantepic.twitter.com/8Q53dHg976— ¿Por qué es tendencia? (@porquetendencia) March 21, 2023