(Видео) Хеликоптер се сруши во река, петмина загинати

Пет лица загинаа откако хеликоптер се урна вчера во водите на реката Ист Ривeр во Њујорк, а несреќата ја преживеал само пилотот, пишува CNN.

Според информациите на медиумите, тројца повредени патници биле пренесени во болница, но таму им подлегнале на повредите.

 

Во спасувањето и потрагата по преживеаните учествувале пожарникарите, а раководителот на пожарникарските службина Њу Јорк, Даниел Нигро потврди дека пилотот успеал да излезе од хеликоптерот.

-Еден од најтешките аспекти на таквото спасување е фактот дека сите патници беа врзани. Моравме да ги пресечеме безбедносните ремени за да ги извлечеме- рече тој.

Федералната администрација за воздушен сообраќај соопшти дека несреќата се случила во 19 часот во близина на ностровот Рузвелт. Според аудио-снимките кои ги случнале медиумите, пилотот на хеликоптерот „Еурокоптер АС 350“ испратил повик за помош до аеродромот „Ла Гвардија“ во кој рекол дека му откажал моторот.