ВИДЕО: Хеликоптери на украинската армија го ракетираат Славјанск, соборени два од нив

Хеликоптери на украинската армија извршиле ракетни напади на градот Славјанск, објавуваат светските новински агенции, повикувајќи се на изјави на очевидци.

Еден од локалните жителите, за руската новинска агенција РИА „Новости“, рекол дека е сведок на ракетен напад од хеликоптери.

„Нападите се извршени на отворен простор во реон на станбени објекти“, тврдел соговорникот на руската новинска агенција.

Во меѓувреме, додека траела воената интервенција, украинското министерство за одбрана соопштило дека во операцијата во градот Славјанск, биле соборени два хеликоптери на армијата на Украина, при што загинале двајца припадници на војската.

Според „Франс Прес“, украинските власти соопштиле дека проруските активисти користеле преносни ракетни системи, за уривање на двата хеликоптери од типот „Ми-24“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.