(Видео) Хет-трик на Меси за убедлива победа над ПСВ

 

Фудбалерите на „Барселона“ убедливо со 4:0 го совладаа ПСВ на „Ноу Камп“ во првото коло од групата „Б“ од  Лигата на шампионите. Мечот помина во знакот на Лео Меси кој го постигна првиот погодок во 31 минута со фантастичен удар од слободен удар од дваесетина метри.

Потоа следеше период без погодоци во кои „Барселона“ имаше повеќе од игра, а за да победата не дојде под знак прашања се погрижи Дембеле. Французинот во 74. минута на генијален начин се ослободи од двајцата  чувари и потоа ја испрати топката во долниот лев агол за зголемување на водството.

Само две минути подоцна Иван Ракитиќ одлично асистираше до Меси,  кој го постигна својот 102 гол во Лигата на шампионите. Аргентинецот во 87 минута го постигна конечниот резултат по асистенција на Луиз Суарез.