(ВИДЕО) Хет-трик на Нејмар за триумф на Бразил, го прескокна Роналдо и се поблиску е до Пеле

Бразил во 2. коло од квалификациите за Светското првенство во Лима славеше против Перу со 2-4. Домашните поведоа на мечот, но потоа се беше шоу на Нејмар кој запиша хет-трик.

Офанзивецот на ПСЖ најпрво во 28. минута погоди од пенал, а потоа стрелаше во 83. минута и во 93. минута за конечни 2-4.

Нејмар со овој хет-трик дојде до 64 погодоци во репрезентативниот дрес. Го престигна Роналдо (62) па сега пред него останува само легендарниот Пеле кој има постигнато 13 погодоци повеќе. Нејмар секако е на добар пат да биде најдобриот стрелец на Бразил на сите времиња.

Во останатите натпревари Колумбија во судиското продолжение со голот на Радамел Фалкао дојде до бода на гостувањето против Чиле (2-2), додека Парагвај на гостински терен славеше против Венецуела со 0-1.