ВИДЕО: Хијанг од Северна Кореја е вистнски хит на СП во Казан

Ким не можеше да ги запре солзите при интонирањето на химната

Ким Кук Хијанг од Северна Кореја е вистински хит на СП во водени спортови во Казан.

Ова 16-годишно девојче од Северна Кореја го освои златниот медал во дисциплината скокови во вода, добивајќи ги најдобрите оценки од судиите.

Тинејџерката Ким на победничкиот пиедестал, при интонирањето на химната стоеше во војнички став и не можеше да престане да плаче.