(ВИДЕО) Хитот на Бон Џови „It’s My Life“ слави 20 години – песната беше број еден на листите со недели!

Хитот на Џон Бон Џови „It’s My Life“ беше објавен во 2000-та година, пред точно 2 децении. Оваа песна доживеа неверојатен успех и стана култна химна.

„It’s My Life“ е напишана и продуцирана од Бон Џови, Ричи Самбора и Макс Мартин, а се искачи на првото место на топ-листите во Австрија, Италија, Холандија, Португалија, Романија, Шпанија и Швајцарија. Песната доживеа огромна популарност и до ден денес скоро и да нема човек кој што не ја знае.

Во 2000-та година имаше бројни музички хитови, а во продолжение слушнете неколку што заедно со „It’s My Life“ го прославуваат 20-тиот роденден: