(ВИДЕО) Хју Грант нападна жена во Рим и и го грабна телефонот

Славниот холивудски актер Хју Грант нападнал непозната жена и и го грабнал мобилниот телефон во Рим, мислејќи дека е папарацо.

Грант се шетал низ Рим со сопругата Ана Елизабет Еберштајн, притоа се сретнале со Луиса Маларо, шефица на компанија за комунелен отпад. Маларо ги снимала работниците како фрлаат градежен шут на место наменето само за отпад од домаќинствата. Но за несреќа нашефицата, во тој момент се нашле пред сопругата на Грант, а британскиот актер веднаш се налутил.

На видеото се слуша женски глас, најверојатно на сопругата на Грант, како зборува на англиски: „Извинете, што правите? Баш убаво, глупава пи..о“.

На тоа Грант вели: „Не стојте пред мојата сопруга“, и го грабнува телефонот.

Мелара вели дека не ги препознала Грант и сопругата, туку застанала напред за да не и помонат пред камерата. „Грант, кој беше зад мене, ми го грабна телефонот. Му го зедов назад и му реков дека не е пристоен. Му реков дека сум раководител на римската компанија за собирање отпад“.

Грант минатата година се ожени за Еберштајн со која имаат три деца родени 2012, 2015 и 2018 година.