Тиери Баудет, лидер на холандска крајно десничарска политичка партија, беше нападнат за време на кампањата, два дена пред парламентарните избори, соопшти неговата партија во понеделникот.
На 22-ри ноември во Холандија се одржуваат многу важни и тензични парламентарни избори коишто, се чини, дека ќе го трансформираат политичкиот пејзаж на земјата.
Форумот за демократија на Баудет (FvD) објави дека политичарот бил погоден со пивско шише во задниот дел од главата и слепоочницата.
На социјалните мрежи кружат слики од инцидентот што се случил во локал, заедно со фотографии од полицијата како го приведува напаѓачот пред шанкот. Мотивот за нападот засега не е познат.
Баудет беше хоспитализиран во Гронинген со, како што објави неговата партија, полесни повреди, иако бил принуден да го откаже својот настап закажан за подоцна во понеделник.
Премиерот во заминување Марк Руте го осуди нападот како „целосно неприфатлив“.
Партијата FvD на Баудет е позната како евроскептична, националистичка и антиимигрантска партија. Се предвидува дека ќе освои четири до пет пратенички места во 150-члениот парламент.
Filmpje van de aanslag op Thierry pic.twitter.com/lwXYvt8W76
— Visionair des Vaderlands (@KWinkelaar) November 20, 2023