(ВИДЕО) Холандски новинар „упадна“ на онлајн-состанокот на министрите за одбрана на ЕУ

Холандскиот премиер Марк Руте повика на зголемување на кибернетичката безбедност откако во петокот новинар успеал да се вклучи во текот на виртуелниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Европската унија, објави во саботата белгискиот дневен весник Le Soir.

На конференцијата водена преку конференциска врска шефовите на министерствата за одбрана на ЕУ дискутираа за зајакнувањето на колективната европска безбедност и заедничките насоки за зајакнување на одбраната на Унијата во скора иднина.

Новинарот се појавил на екраните на министрите за одбрана на ЕУ среде дискусијата, им мавнал со рацете и одговарајќи на прашањето на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, потврдил дека е холандски новинар. Борел му укажал дека постапките на новинарот спаѓаат во кривично дело и дека конференцијата е од затворен тип по што побарал веднаш да се исклучи од неовластениот пристап, пренесува ресурсот Politico.

Новинарот одговорил дека „жали што го прекинал состанокот и оти веднаше ќе го напушти“. Поради хакирањето на состанокот, средбата морало извесно време да биде прекината, известуваат медиумите.

Како што пренесе телевизијата RTL Nieuws, нивниот новинарот Даниел Берлан успеал да се поврзе во виртуелниот министерски состанок на сервисот Zoom, откако на фотографијата објавена на Twitter од холандската министерка за одбрана Анк Бејлевелд открил дел од лозината за учество во видеоконференцијата.

„Министрите мора уште еднаш добро да размислат колку е неопходно да се биде внимателен“, го цитира белгискиот весник холандскиот премиер Руте.

Подоцна било утврдено дека министерката случајно објавила фотографија на социјална мрежа која содржела класифицирани информации. Според извештаите, холандската министерка за одбрана била во карантин и не учествувала на виртуелната средба од зградата на министерството за одбрана, поради што можеби и не биле почитувани сите бнеопходни безбедносни мерки.