(ВИДЕО) Холивудска акциона ѕвезда спаси бебе од превртен автомобил

Холивудскиот актер Дени Трехоу е прогласен за херој откако спаси бебе заглавено во превртен автомобил во сообраќајка во Лос Анџелес.

Актерот вели дека видел како мотор поминал на црвено светло на семафорот и удрил во автомобил, кој се превртел на покривот. Во автомобилот имало жена и бебе.

Заедно со уште една случајна минувачка , актерот го извлекол заглавеното бебе од автомобилот. Тој лазел низ скршениот прозорец за да го откопча бебето од седиштето ,а жената му помогнала за да го извадат неповредено.

Мајката на бебето, иако повредена викала по минувачите за да му помогнат на нејзиното бебе и во тој момнент притрчал актерот и уште една жена.

75 – годишниот актер познат по акционите филмови апелира до возачите да внимаваат како возат.

https://www.instagram.com/p/B04jgtfgdpV/?utm_source=ig_embed