(ВИДЕО) Хрватскиот Хансен, Анте Кудуз доаѓа во Вардар!

РК Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за следната натпреварувачка сезона. Откако стана јасно дека Иван Чупиќ си заминува од редовите на ,,црвено – црните”, управата на вардарци неговата замена ја најде во Дарко Ѓукиќ.

Покрај него, дво-кратниот европски првак успеа да договори уште едно квалитетно засилување. Во Скопје пристигнува и одличниот Анте Кудуз, кој го носи прекарот „Хрватскиот Хансен“.

Кудуз во овој момент настапува за екипата на Динамо Букурешт, каде минатата сезона беше лидер на тимот, а во Лигата на шампионите постигна дури 61 гол.

Да не заборавиме дека во Вардар пристигна и левиот бек Васко Шеваљевиќ, кој одма ќе му се приклучи на новиот тим.

Видео од новото засилување на Вардар 1961, Анте Кудуз можете да погледнете ТУКА.