(ВИДЕО) Хуманата докторка не мрдна кога падна девојчето во несвест на митингот на СДСМ

Синоќа падна жена на митинг на Петре Шилегов, но тој мртов ладен само се сврте и продолжи да зборува.

Се очекуваше поревносна реакција од носителката на листата на СДСМ за Град Скопје, Софија Пејкова. Ххуманата докторка не мрдна кога падна девојчето во несвест, туку остана и ги засука ракавите, не да и помогне, туку да му аплаудира на Петре Шилегов.

А на истиот митинг Пејкова рече:

„Како лекари положуваме Хипократова заклетва, а јас овде пред сите вас положувам заклетва дека како дел од советот на Град Скопје совесно чесно и посветено ќе се грижам да го добиете најдоброто, градските политики да го заштитуваат и унапредуваат здравјето на сите скопјани, ви ветувам дека со чесна и тимска работа заедно со Петре Шилегов и со моите колеги советници, посветено ќе работиме на поголема еколошка здравствена и социјална политика и поквалитетен живот за сите нас“.