ВИДЕО I Арсенал прокоцка два гола предност против Вест хем

Арсенал не победи и втор натпревар и загуби два важни бода во трката за титулата откако денес одигра 2:2 на гостувањето кај Вест Хем.

Со головите на Одегард и Жесус, Арсенал по само десет минути водеше со 2:0, во тир моменти изглеше дека ,,топџиите” лесно ќе дојдат до трите бода.

Вест Хем по половина час игра од пенал се врати резултатски во игра со голот од пенал. Во 52.минута имаше Арсенал имаше голема шанса повторно да има два разлика, но Сака не реализираше пенал.

Казната стигна многу брзо само три минути подоцна кога Боувен израмни на 2:2.

До крајот на средбата резултатот не се промени, па Манчестер Сити сега има прилика со победа да дојде на само еден бод.