ВИДЕО I Авион слета принудно поради излуден патник: „Kажете дека сте слуги на Алах или ќе ве разнесам!“/ВИДЕО

Вонредна ситуација изби на аеродромот во Сиднеј откако патник на лет на Малезија ерлајнс се заканувал дека ќе го разнесе авионот, при што морал принудно да слета.

Имено, драматичната снимка покажува како разбеснетиот патник по име Мохамед, тврди дека е „слуга на Алах“, го вперува прстот во друг патник и го присилува да го каже истото, а во еден момент и ја внесува раката во својот ранец заканувајќи се дека ќе употреби смртоносна направа.

Летот беше откажан, патникот уапсен, а при претрес на неговиот ранец не било пронајдена никаква опасна направа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.