ВИДЕО I Бостон поведе 2:0 против Атланта – Кливленд и Феникс израмнија во плеј-оф серијата

Кошаркарите на Бостон поведоа со 2:0 во првото коло од плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата, откако на домашен терен ја совладаа Атланта со 119:106.

За Селтикси, Тејтум оствари „дабл-дабл“ учинок од 29 поени и 10 скокови, а запиша и шест асистенции.

Дежонте Мареј беше најефикасен кај Хокси со 29 поени, со по шест скокови и асистенции и четири украдени топки.

Кливленд израмни на 1:1 во плеј-оф серијата од Источната конференција, откако на домашен терен го совлада Њујорк со 107:90. Најдобриот учинок кај Кавалирси го имаше Дариус Гарланд со 32 поени (26 во првото полувреме), додаде и седум асистенции. Џулиус Рендл постигна 22 поени за Никси (осум скокови).

НБА плеј-оф, резултати –

Бостон селтикс – Атланта хокс 119:106 (2:0)
Кливленд кавалирс – Њујорк никс 107:90 (1:1)
Феникс санс – Лос Анџелес клиперс 123:109 (1:1)