7.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ВИДЕО I ФФМ и МВР срамот на Чаир заслужува жестока реакција

Мечот помеѓу Шкупи и Шкендија од Купот на Македонија не дочека да се одигра ни едно полувреме.

Буквално фудбалерите од Тетово спасуваа жива глава од стадионот во Чаир. Специјалците на МВР со жив штит и крајни напори некако успеаа да ги изнесат од теренот.

Мечот за среќа се снимаше и пренесуваше, па сведоци сме што се случи. Бројни навивачи на клубот од Чаир влетаа во терен и видно пред камери нападнаа фудбалери на тимот од Тетово.

Се уште нема информации за повредени иако се очекува да има со оглед на нерeдите

Епа господо од МВР и ФФМ сега вие сте на потег за овој СРАМ. Јавноста очекува жестоки и силни казни кои еднаш за секогаш треба да кажат стоп на ваквите појави.

Очекуваме брзо да се огласат и да соопштат детали за приведени и уапсени лица (кои и тоа како треба да ги има, само од камерите кои ги уловија).

А клубот Шкупи секако од ФФМ треба да си го добие тоа што го следува. Доста беше замижување и провлекување низ прсти. Ваква слаба организација на меч од висок ризик е НЕДОЗВОЛИВО. Волку пиротехника колку што влета на терен е НЕЗАМИСЛИВО.

Дали сте свесни дека некој можеше недај боже да загине, или да остане траен инвалид. Дали сте свесни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.