ВИДЕО и ФОТО| Ковчегот со кралицата Елизабета стаса во Единбург

Ковчегот со британската кралица Елизабета Втора стаса во неделата во Единбург по шестчасовното патување од нејзината летна резиденција во шкотските планини, а на патот го следеа десетици илјадници ожалостени, некои молкум, некои ракоплескајќи а некои во солзи, пренесуваат медиумите.

Малку по 11 часот во неделата по локално време возилото со дабов ковчег излезе од портата на дворецот Балморал, каде што кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот на 96 годишна возраст, и се упати кон шкотската престолнина. Ковчегот беше прекриен со шкотското кралско знаме со венец од цвеќиња набрани на имотот Балморал.

Многу Шкоти се собрале во центарот на Единбург за да ја дочекаат поворката, во кој беше и кралската ќерка принцезата Ана, на патот до дворецот Холорудхаус каде ја дочека воената почесна стража. Војниците од Кралскиот шкотски полк потоа го однеле ковчегот во престолната сала од дворецот каде што ќе остане преку ноќта

„Немаше шанси ова да го пропуштам. Би жалеле поради тоа до крајот на животот. Никогаш не нѐ изневери, на ни јас неа не сакав да ја изневерам. Сега кога си замина има голема дупка во срцето на нацијата“, изјавила за Reuters 62-годишната Елид Мекинтош којашто од својот дом излегла во 6 часот утрото за да биде сигурна дека ќе има добар поглед на главната улица во Единбург.

Патувањето од Балморал е првиот од низата настани кои ќе доведат до државниот погреб во Вестминстерската опатија во Лондон на 19-ти септември. Многумина на тој пат во неделата немо ја следеле поворката на силното сонце, а некои фрлеле цвеќе на коловозот.

„Тоа е многу, многу тажно. Среќна сум што бев тука да се простиме“, изјавила 69-годишната Елизабет Александер, родена на денот кога кралицата биле крунисана во 1953 година.

Илјадници луѓе и натаму се собираат пред другите кралски дворци ширум Обединетото Кралство, а големи купови цвеќиња се трупаат дека луѓето оддаваат почит.