(ВИДЕО и ФОТО) Патнички авион со стотина патници се урна на Куба

645

Авион од типот „Boeing 737“ на воздухопловната компанија „Cubana de Aviacion“ со најмалку 104 патници и членови на екипажот се урна веднаш по полетувањето во петокот од кубанската престолнина Хавана.

Авионот летал од Хавана за градот Олгуин, а се урнал само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Хавана.

Според податоците на порталот Infobae, во авионот се наоѓале 104 лица. Весникот Cibercuba, повикувајќи се на новинарот на кубанското радио Radio Rebelde, Габдиел Силва објави дека во авионот имало 107 патници покрај екипажот, и оти сите загинале.

На местото на инцидентот се појавил новиот кубански претседател Мугуел Диас Канел.

Порталот Cubanet, од своја страна, известува дека авионот припаѓал на мексиканската компанија „Damojh“. Изданието Сubadebate, исто така, пренесува дека авионот „Boeing-737“ бил изнајмен од компанијата „Cubana de Aviación“ и бил пилотиран од странски екипаж.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.