Во паркот „Патриот“ близу главниот град Москва, руското Министерство за одбрана во вторникот ја претстави воената опрема и вооружување од западно производство испорачано на Украина во текот на борибте по руската инвазија во соседната земја од февруари минатата година.
Како што соопшти руското Министерство за одбрана, претставувањето на запленатата опрема, слична како што организираше Украина на уништена руска воена опрема главно тенкови и борбени возила и летала во повеќе западни градови уште минатат година, оваа своевидна „изложба“ на запленетото украинско и оружје донирано од земјите членки на НАТО е во рамките на московскиот Меѓународен воено-технички форум Армија-2023.
Овој безбедносен форум проследен е со саем на воена опрема кој ги претставува најновите вооружени системи на 85 компании од седум земји, а присуствуваат повеќе од 800 гости од 76 земји во светот, но не и од западните.
Руските медиуми пренесуваат дека особено внимание кај странските делегации предизвикала опремата од западно производство, првенството од САД и земјите на НАТО. Меѓу нив се австралиското борбено оклопно возило „Bushmaster“, американскиот оклопен транспортер „М-113“, шведското борбено возило за пешадија „CV90-40“ и францускиот тенк на тркала „АМХ-10RCR“.
Претходно во вторникот во обраќањето на форумот, коментирајќи го западното оружје испорачувано во Украина, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека тоа не е „ништо посебно“ за руските сили.
„Подготвени сме да ги споделиме нашите процени и сознанија за слабите точки на западната воена опрема“, изјави рускиот министер пред состанокот на меѓународни воени функционери.
Во објавата на руското Министерство за одбрана се наведува и дека особено внимание кај посетителите од земјата и странство е ставено на британските оклопни возила „Husky“ и „Mastiff“, како и оклопниот транспортер „AT-105 Saxon“. Во описот на „експонатите“, инаку, е наведено на која локација и во какви околности била запленета конректната опрема.
Москва објави, исто така, дека оваа презентација почнале да ја подготуваат уште во август минатата година, како и дека досега успеале да соберат 870 парчиња функционални западни оружја и опрема.
Секако, примероците од украинскиот воено-индустриски комплекс го сочинуваат мнозинството. Конкретно, станува збор за модернизиран тенк „Т-72АМТ“, оклопни транспортери „БТР-3Е“ и „БТР-4Е“, оклопни возила „Варта“ и „Казак“, оклопни возила „Тритон“, како и патролни чамци од пристаништето на црноморскиот град Мариупол. Меѓу нив е лесно оклопниот брод „Калкан-П“, изграден од поранешното украинско бродоградилиште „Лиман“ за потребите на украинската крајбрежна стража кој бил заробен во територијалните води на Русија пред подолг период за наводни провокации во Керченскиот теснец.
Агенцијата РИА пренесува и дека на посетителите на форумот под наслов „Алијанса на ветувањата“ ќе им бидат прикажани и средствата со кои последните години била вршена „идеолошка индоктринација на украинската младина“. Меѓу нив, имало учебници за основното и средно образование, унифорни со нациналистички симболи и слогани, дури и „чудни менија“ од угостителски локали, како и сомболи од злогласниот во Русија укрански баталјон „Азов“, борбена формација за којашто се твди дека е составена од украински па и странски ултранационалисти и неонацисти, а која е вклопена во редовните вооружени сили на Украина.