ВИДЕО и ФОТО| Телјор Свифт во еден ден продаде рекордни 2,4 милиони влезници за концерти

Минаа пет години откако американската пејачка, Тејлор Свифт последен пат беше на турнеја, за во тоа време издаде четири албуми, меѓу кои и „Folklore“ за кој беше наградена со престижната Греми (Grammy) награда. 

Бидејќи поради пандемијата на коронавирусот не настапуваше во живо, нејзиниот прв настап кој се одржа ноќта кон саботата во рамките на турнејата под називот „Eras“, обожавателите беше дочекан со големо нетрпение, а траеше три часа и петнаесет минути.

Беше одржан во Глендејл во американската сојузна држава Аризона, кој привремено се преименуваше во Тејлор Сити во чест на концертот на Тејлор. Свифт изведе 44 песни, нови и постари, а на „Arizona’s State Farm“ стадионот се собраа околу 80.000 обожаватели.

Ѕвездата вети дека нејзините настапи ќе бидат своевидни патуваа низ сите нејзини музички фази, а интересот на обожавателите е толку голем што поради побарувачката на влезници во еден момента падна системот на апликацијата Ticketmaster.

Но, и покрај тоа, турнејата го собори рекордот според бројот продадени влезници за концерт на некои изведувач во еден ден. Продадени се дури 2,4 милиони билети.

Првите критики за концертот, инаку, се исклучително добри. Повеќето музички критичари ја истакнуваат опсежната сетлиста на пејачката.

„Кралицата на попот повторно го зазема својот престол. Постоеше опасноста талкањето меѓу песните од 10 толку различни албуми да резултира со негативен резултат, но Свифт успеа да го избегне тоа, и сѐ добро поврза, иако постојано ја менуваше облеката и заднината на сцената“, пишува влијателниот The Times.