(ВИДЕО и ФОТО) Трамп порача: Заврши ерата на бесконечните туѓи војни

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се соочува со критики поради најавата за повлекување на неколку илјади американски војници од Германија, во саботата пред дипломците на славната воена академија Вест Поинт порача дека дека нивната задача ќе биде „одбраната на виталните интереси на Америка“ а на учествувањето во „бесконечните војни“ во далечни земји.

Во обраќањето на кадетите по повод нивното успешно завршување на образованието на Вест Поинт, Трамп рече дека секој до нив ја започнува својата воена служба во „критички важен момент“ од историјата на САД, кога Вашингтон се враќа на фундаменталните принципи, според кои задачата на американскиот војник не е да гради и обновува стрнаски држави, туку „да ја брани, и тоа силно, нашата нација од надворешните непријатели“.

„Го завршуваме периодот на бесконечните војни. Задачата на американките сили не е да ги решаваата старите туѓу судири во далечни земји за коишто многумина ниту слушнале“, изјави Трамп.

Претседателот додаде дека новиот „јасен поглед на заштитата на виталните интереси на Америка се врати на своето место“.

„Ние не сме светски полицајци. Но нашите непријатели треба да знаат дека доколку му е загрозена безбедноста на нашиот народ, ние никогаш нема да се колебаме. И кога ќе се бориме, отсега па натаму ќе се бориме само за да победиме“, заклучи Трамп.

Трамп пред неколку дена го извести Конгресот дека американските сили ќе бидат и натаму распоредени во некои земји, каде што контингентите ги распоредија претходните американски претседатели. Покрај Авгаистан, каде воената кампања на САД трае речиси 19 години а повлекувањето го започна неговиот демократски претходник Барак Обама, станува збор за Ирак, Сирија, Јордан, Турција, Либан, Египет, Филипини, Косово, земјите на Арапскиот Полуостров и во Источна Африка, сливот на езерото Чад и субсахарската област Сахел.

Објавата на Трамп од Германија, која е една од главните сојузнички во Европа, да премести 9.500 војници од вкупно над 37.000, во Полска со цел да го засили источното крило на НАТО на границите со Русија, предизвика гнев кај германските функционери. Претходно минатата година Трамп повлече и дел од американските сили од Сирија, откако беше прогласено дека е поразена џихадистичката групација Исламска држава која контролираше големи делови од сириската и ирачката територија.

Американскиот претседател од почетокот на својот мандат најавува намалување на ангажманот на САД во странство и врши притисок врз сојузниците повеќе да издвојуваат за својата одбрана, обвинувајќи дека целосно се потпираат на безбедноста којашто им ја гарантира Вашингтон трошејќи огормни суми, а тие водат сопствени политики често спротивни на американските интереси. Притоа честопати го посочува како пример германско-рускиот проект за гасоводот Северен тек 2, предупредувајќи го Берлин дека така ја зголемува својата енергетска и политичка зависност од Москва.

Исто така, најавата дека САД се повлекуваат од досегашната улога на позиција на „светски полицаец“ предизвика и загриженост и кај некои политички кругови во Вашингтон. Во една од ретките критики од неговата партија, 22 републиканци од Комитетот за вооружените сили во Претставничкиот дом, изјавија дека намалувањето на американските војници во Германија „ќе ѝ наштети на националната безбедност (на САД) и ќе ја охрабри руската агресија“.

Трамп во обраќањето пред повеќе од илјада кадети на Вест Поинт во саботата се осврна и на актуелните пршања на расна неправда во САД, посочувајќи дека токму кадетите се пример на американската разноликост.

„Дојдовте од фарми и од градови, од големи и мали држави, од секоја раса, религија, боја и верувања. Но кога влеговте во овој простор станавте дел од еден тим и едно семејство коешто гордо ѝ служи на единствентата американска нација“, рече Трамп.