(ВИДЕО и ФОТО) Тринаесет мртви откако патничка се скара со возачот на автобус кој слета во Јангце

Расправијата на патничка со возач на автобус предизвикала слетување на автобус во реката Јангце, при што загинале тринаесет луѓе, соопштија во петокот локалните власти, пренесуваат државните кинески медиуми.

Несреќата се случила во неделата во југозападниот град Чонгинг. До денеска тринаесет тела биле извлечени од водите на реката Јангце, а уште две лица се сметаат за исчезнати.

Властите во средата успеале да ги спасат податоците од техографот и водео надзорот од автобусот. Видеото кој е објавен на државните телевизии, прикажува како патничката го гаѓа возачот во глава со својот мобилен телефон, Кога возачот и’ возвраќа, загубил контрола над воланот, што предизвикувало скршнување на автобусот од правецот. Снимките од надзорните камери прикажуваат скршнување на автобусот, забивање во црвен автомобил и излетување од мостот.

Според истрагата што ја спровеле локалните власти, 48-годипшната патничка сакала да излезе од автобусот, меѓутоа возалот морачл да на прави заобиколување поради одржувањето на патот, пренесува службената новинска агенција Xinhua.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.