ВИДЕО и ФОТО| Тројца убиени во напад со нож во Германија

Најмалку три лица се убиени а уште шест други се ранети во напад со нож во петокот попладнето во градот Вирцбург во јужната германска покраина Баварија, пренесува електронското издание на весникот Bild.

Локалната полиција објави на Twitter дека осомничениот е уапсен по истрел во ногата во „голема операција“ во којашто биле затворени делови од центарот на градот. Се додава и дека напаѓачот немал соучесници.

Полицијата, исто така, додава дека „нема знаци дека има уште напаѓачи“, како и дека „нема опасност за населението“.

Засега нема информации за можните мотиви на напаѓачот, кој сѐ уште не е квалификуван како дело од тероризмот. На видеата поставени на социјалните мрежи се забележива темнокож млад маж како со нож чекори низ центарот на Вицбург, за кого се тврди дека е напаѓачот.