(ВИДЕО и ФОТО) Турското министерство за одбрана објави снимки од испораката на С-400

260

Турското министерство за одбрана ги објави во петокот на својот профил на Twitter снимките од испораката на првите компоненти на руските противвоздушни системи С-400.

На официјалните фотографии на турската одбрана се прикажани неколку тешки товарни возила за транспортот на системите С-400.

Претходно во петокот турското министерство за одбрана објави дека ја примила испораката на првите компоненти од ракетниот одбранбен систем во воздухопловната база „Муртерд“ во близина на Анкара. Според информациите, „испораките на другите елементи ќе продолжи во блиска иднина“.

Првите извештаи за преговорите меѓу Анкара и Москва за продажба на системиет С-400 се појавија во медиумите во ноември 2016 година, а руската страна ја потврди согласноста во септември 2017 година, и објави дека сумата на договорот изнесува 2,5 милијарди долари. Турското министерство за одбрана првично најави дека испораката на рускиот ракетен систем ќе започне во октомври 2019 година, но процесот беше забрзан.

Системот, чијашто цел е главно одбранбен во некои своите варијанти може да стане борбен за помалку од пет минути. Овие ракетни системи може да соборат воздушни цели во радиус од 400 километри, а балистички проектили во радиус 60 километри. Може истовремено да соборат 80 цели гаѓајќи ја секоја со по два проектила. Во рускиот воен арсенал се воведени од 2007 година, наведува руското министерство за одбрана.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.