(ВИДЕО и ФОТО) Ураганот Лаура потенцијално „катастрофален“ за САД

Се интензивираат евакуациите на населението на крејбрежните области на југоистокот од американската сојузна држава Тексас во средата со приближувањето на ураганот Лаура кој зајакна во четврта категорија и се заканува со потенцијална „катастрофална“ плима на американските брегови на Мексиканскиот залив.

Од островот Галвестон, јужно од Хјустон, евакуацијата започна уште во вторникот утрото, соопштија локалните власти. За евакуациите на располагање се автобусите на службата за итни состојби на Тексас. Испразнет е кампусот на универзитетот A&M, а откажана е наставата во сите училишта во текот на целата седмица. Вршителот на дожноста градоначалник, Грег Браун, изјави во средата дека населението соработува во евакуацијата иако некои сакале да останат во своите домови.

„Ако не сакаат да заминат тоа им е дозволено, но ги предупредуваме дека нема да им бидат на располагање службите за итна помош“, рече Браун.

Соседниот Кристал Бич изгледа сосема испразнет, пренесуваат локалните медиуми.

Ураганот Лаура кој ги погоди САД со јачина од 4-та категорија, во вторникот стаса на 845 километри од сојузната држава Лузијана, и донесе силни дождови и поплави на Хаити и во Доминиканската Република, каде најмалку 24 луѓе ги загубија животите. На Куба беше предизвикана само материјална штета. Во вторникот низ Мексиканскиот залив мина со брзина од 120 километри на час, пред да им се закани на сојузните држави Тексас и Луизијана.

Националниот центар за урагани (NHC) на САД, брзината на ветерот во рамки на ураганот во средата достигнува 61 метри во секунда, што одговара на четвртата категорија. Ураганот продолжува да се засилува, и сега се движи северозападно со брзина од 7,2 метри во секунда. Метеоролозите предупредуваат на „катастрофални бранови, силни ветрови и поплави“.

Центарот предвидува дека циклонот ќе се приближи до брегот на Тексас и Луизијана во текот на ноќта. Лаура, исто така, се заканува на големите центри за рафинерија на нафта лоцирани на бреговите на двете американски држави.

„Имате само неколку часа да се подготвите и евакуирате. Каде и да сте напладне, ќе мора да се соочите со невремето“, предупреди на Twitter гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, чија држава беше жртва на разорниот ураган Кетрин пред 15 години.

На американскиот брег му се заканува, во помала мерка, и Марко кој во неделата ослабе во бура. Извонредно ретко се слулчува два урагана или две слични метеоролошки појави да доаѓаат толку блиску една до друга во Мексиканскиот залив, велат стручњаците. Периодот на урагани на Атлантикот, кој официјално трае од 1-ви јуни до 30-ти ноември, годинава може да биде многу период. Центарот очекува 25 циклони од кои 12 кои се класифицираат како Лаура и 13 како Марко.