(ВИДЕО и ФОТО) Возачот на БМВ-то кој унесреќи цело семејство пред Загреб бил на дроги

Возачот кој минатиот четврток предизвика страотна несреќа на наплатната станица Света Хелена кај Загреб кога без запирање директно удри во возилото кое стои во место, го управувал својот автомобил под дејство на дроги и лекови, соопшти во понеделникот истражниот судија на загрепскиот Жупаниски суд,

Според пишувањата на медиумите во Хрватска, осомничен за несреќата е 35-годишниот Озрен М. од Чаковец кој управувајќи го возилото под влијание на дроги и лекови на делот од патот на кој брзината е ограничена на 50 километри час се движел со многу поголема брзина и воопшто не ја намалил и директно удрил во автомобилот „шкода“ и притоа се тешко повредени три лица, односно родителите и нивниот малолетен син.

Хрватските медиуми наведуваат дека во несреќата настрадал 38-годишниот Даниел Добренов, поранешен тениски тренер на Петра Мартил, неговата сопруга Ана и нивниот седумгодишен син. Сите тројца во многу тешка состојба се хоспитализирани во загрепските болници. Претходно медиумите објавија дека сите тројца настрадани се во кома,