ВИДЕО I Германските ракетни системи „Patriot“ се на пат кон границата меѓу Полска и Украина

Германија почна да го преместува својот ракетен систем за противвоздушна одбрана „Patriot“ на територијата на Полска.

Тие ќе бидат поставени во близина на полско-украинската граница за пресретнување на можни „залутани“ ракети од руско-украинската војна. Белоруската телевизија NEXTA објави видео од транспортот на моќните противвоздушни ракети.

Берлин ѝ понуди на Полска три системи „Patriot“, откако две лица беа убиени во Полска од залутана украинска ракета за воздушна одбрана, чии останки паднаа во селото Пржеводов во ноември.

Зборувајќи за новинарите пред почетокот на распоредувањето на патриотите во Полска, полковникот Јорг Сиверс рече: „Една од причините зошто Германија ќе учествува во зајакнувањето на источното крило на НАТО во Полска со испраќање ‘Patriot’ е тоа што видовме колку брзо конфликтот меѓу Русија и Украина може да се прелее на членките на НАТО“.

Сиверс, кој ќе командува со германските трупи во Полска, ја нагласи „строго одбранбената“ природа на системот „Patriot“ и додаде: „Ние не сме единствените одбранбени сили на теренот, тука се и Американците и Британците“.