ВИДЕО I Голчиште на Роналдо од слободен удар како во најдобрите денови!

Кристијано Роналдо во моментов игра во Саудиска Арабија, а слободните удари не му одеа од рака. Сепак, Португалецот покажа дека уште има топ во ногата, откако постигна атрактивен гол од прекин за Ал Наср.

Против екипата на Абха, Роналдо погоди од триесетина метри. Се играше 79. минута од дуелот во Саудиска Арабија, на кој често оспоруваниот Роналдо распали од слободен удар и ги замолкна критичарите.

Голот на Роналдо од слободен удар:

Видеото погледнете го ТУКА

Роналдо игра во одлична форма за Ал Наср и ја лови титулата во Саудиска Арабија.