ВИДЕО I Голден стејт го растури Лејкерс за изедначување

Актуелниот шампион во НБА, Голден стејт одигра одлична партија и со убедливи 127-100 го победи Лејкерс со што изедначи на 1-1 во полуфиналната серија на западот.

Лејкерс кој веќе има брејк, добро го почна и вториот натпревар, ја доби првата четвртина со 33-26, но нивната предност брзо се стопи во продолжението. Голден стејт одигра две брилијантни четвртини, втората ја доби со 41-23, третата со 43-24 и прашањето околу победникот беше решено.

Клеј Томпсон беше најдобар во составот на Голден стејт со 30 поени, од кои осум тројки, Кари имаше дабл-дабл учинок со 20 поени и 13 асистенции. Кај Лејкерс најдобар беше Леброн Џејмс со 23 поени, Хачимура постигна 21.

Серијата сега се сели во Лос Анџелес каде ќе се одиграат следните два натпревари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.