ВИДЕО I Голден Стејт не се предава, Лејкерси не ја искористија првата „меч топка“

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс останаа во игра после петтиот натпревар од полуфиналната плеј-оф серија во Западната конференција откако во Сан Франциско го совладаа Лос Анџелес лејкерс со 121:106.

Стеф Кари беше најфикасен во редовите на актуелниот НБА шампион со 27 поени (3/11 за три), и запиша осум асистенции.

За Лејкерси како прв стрелец се истакна Леброн Џејмс со 25 поени, Ентони Дејвис застана на 23.

За ЛА Лејкерс загрижува повредата на Дејвис кој во текот на натпреварот од Кевон Луни доби удар во главата.

Резултатот во серијата сега е 3:2 во корист на „езерџиите“, а следниот дуел ќе се игра за два дена во Лос Анџелес каде играчите на тренерот Дарвин Хем на немаат пораз сезонава во плеј-офот, односно триумфираа на сите пет мечеви.

НБА плеј-оф, резултати –

Њујорк никс – Мајами хит 112:103 (3:2)
Голден Стејт вориорс – Лос Анџелес лејкерс 121:106 (2:3)