ВИДЕО I Куманово – Бељаковце пруга за економски напредок на овој регион

Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти. Денеска ја пуштаме пругата од Куманово до Бељаковце, пруга која ќе значи економски напредок на овој регион, ќе значи поврзување со соседите и подобрување на животот на граѓаните, истакна во своето обраќање вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на пуштање во употреба на новата пруга од Куманово до Бељаковце.