ВИДЕО I Манчестер Сити го доби дербито против Арсенал и го презема врвот во Премиер лигата

Фудбалерите на Манчестер Сити славеа над Арсенал со 3-1 во првото дерби меѓу овие две екипи во актуелнава сезона во Премиер лигата.

„Граѓаните“ славеа на теренот на противникот и со тоа направија значаен исчекор во борбата за пехарот, односно од вечерва се на првата позиција на табелата со тоа што имаат ист број на бодови како „топчиите“, ама подобра гол разлика со тоа што мора да се потенцира оти четата на Артета има уште еден ас во ракавите, еден меч помалку од денешниот ривал.

Де Брујне го отвори резултатот во 24 минута по грешката на Томијасу, но 42 домаќините се вратија во игра со погодокот од пенал на Сака.

На теренот имаше доста нервоза, тензија, па видовме и „закачка“ меѓу Де Брујне и менаџерот Артета при еден аут во вториот дел. Решавачките моменти во второто полувреме се случија во 72 и 82 минута кога Грилиш и Халанд погодија и донесоа три бода за актуелниот англиски првак.

Тимот од Манчестер за нареден ривал го има Нотингем Форест, додека Арсенал оди на незгодно гостување кај Астон Вила.

<

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.