ВИДЕО I Нова романса на повидок – Том Круз и Шакира заедно на Формула 1 во Мајами

На трката во Формула 1 што се возеше викендов во Мајами, камерите ги „уловија“ заедно Шакира и Том Круз. Популарната пејачка и славниот актер беа видено во ВИП ложата како водат разговор.

Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и веќе  се појавија и  шпекулации дека Шакира и Том Круз можеби се нешто повеќе од пријатели.

Шакира преживува тешки моменти откако се дозна за измамата на нејзиното поранешно момче, фудбалерот Жерар Пике после што таа заедно со своите синови од Барселона се пресели во Мајами.

Том Круз кој зад себе има три пропаднати бракови, сега главно е посветен на работата. Тој во новиот филм „Топ ган: Маверик“, ќе вози вистински болид од Формула1, а друштво ќе му прави Бред Пит.